Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

January 20, 2026
1 min read

Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање информации“, со цел објавување статии за нив. Во тужбата, војводата од Сасекс изјава дека бил подложен на „застрашувачко нарушување на приватноста“, коешто, според него, извршило голем притисок врз неговите лични односи и имало ефект на изолација и параноја, пишува „Гардијан“.

Покрај принцот Хари, меѓу тужителите се и Дорин Лоренс – мајка на Стивен Лоренс, кој беше убиен во расистички напад пред повеќе од 30 години, музичарот Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, глумиците Елизабет Харли и Сејди Фрост и поранешниот пратеник од Либералната демократска партија – Сајмон Хјуз. Во судските документи, правниот тим на тужителите тврди дека нелегалните дејствија вклучувале ангажирање приватни истражители за незаконско пресретнување гласовни пораки, прислушување фиксни телефони и набавување доверливи податоци, како што се телефонски сметки и медицински картони – преку измама.

Принцот Хари присуствуваше на почетокот на судењето во Високиот суд во Лондон против издавачката куќа. Ова е неговата најнова тужба против издавач на весник за наводно користење нелегални методи во неговата новинарска работа.

Принцот ги темели своите тврдења на 14 новински написи за коишто тврди дека се создадени со употреба на недозволени методи.

Отворајќи ја постапката, адвокатот на тужителите, Дејвид Шерборн истакна дека двата весника имале „бројни скриени афери“ поврзани со незаконското собирање информации, наведувајќи дека новинарите и уредниците биле вклучени во ова повеќе од 20 години. Шерборн, исто така, нагласи дека е уништена значителна количина документација, вклучително и голем број е-пораки од пред 2004 година, што издавачот го објаснува со својата внатрешна политика за бришење податоци. 

Се очекува судењето, чијашто постапка отпочна во октомври 2022 година, да трае до 10 недели. Трошоците за постапката би можеле да достигнат до 38 милиони фунти.  

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бернардо Силва си оди од Манчестер Сити, Барса го убедува да дојде на „Камп Ноу“

Следно

Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop