Димитриеска Кочоска: Поддршката од Светска банка е клучна за економските реформи

January 20, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Карол Межеван, на која беа разгледани приоритетите за поддршка на клучните реформи преку Рамката за партнерство 2024–2028.

Како што соопшти министерката, фокусот на соработката е насочен кон подобрување на инвестициската клима, поддршка на приватниот сектор и отворање нови работни места, унапредување на јавните услуги и човечкиот капитал, како и кон климатска адаптација и зајакнување на управувањето со јавните финансии.

Димитриеска Кочоска истакна дека со поддршка од Светска банка, преку рамка вредна 695 милиони долари, продолжува спроведувањето на реформи насочени кон одржлив економски раст, зголемена конкурентност и обезбедување стабилни и отпорни јавни финансии, при што се води сметка и за фискалната консолидација.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

Следно

Утре облачно време со повремени локални врнежи од снег

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop