Каевски: Обезбедувачот на Мицкоски го натепал полицаецот во обид да спречи полициска акција за дрога

February 18, 2024
1 min read

Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец, изјави Дарко Каевски од СДСМ на прес-конференција.

Тој тврди дека иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога.

-Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането. ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно, рече Каевски.

Како што додаде скандалот мора да биде целосно расчистен.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Полициски службеник кој не бил на должност нападнал колега кој извршувал службени дејствија

Следно

ЦУК: Активен пожар на Китка, во последното деноноќие изгаснати 22 пожари

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop