Кадаиф: Шербет десерт, традиционален за Прочка – еве како да го подготвите

March 16, 2024
1 min read

Според народните обичаи кадаифот е слатка која што се прави за Прочка. Се пра­ви лес­но и бр­зо, а ма­ри­фе­тот е да ја по­го­ди­те топлината на шер­бе­тот ко­га се исту­ра врз ка­да­и­фот.

Ако сте љубители на десерти топени со шербет, ова е вистинската слатка за вас. Кадаифот има убав мирис и вкус, особено кога ќе се додадат рендана кора од лимон, сок од лимон и сецкани ореви.

И секако не е потребен посебен момент за да се најде на семејната трпеза, но сепак е поврзан со празникот Прочка.

Состојки:

500 грама кадаиф
800 грама шеќер
1 л и 200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
150 грама путер (стопен)
150 грама сецкани ореви
80 грама суво грозје
1 лимон
1 портокал

Подготовка:

Содржината на кадаифот изронете ја и поделете ја на два дела. Премачкајте го дното на тавчето со путер и нанесете го првиот дел од кадаифот, врз него се става фил од ореви, суво грозје по желба, а можете да ставите и ф’стаци.

Потоа се нанесува и вториот дел од кадаифот. Се прелива со растопениот путер.
Се пече на 250 степени околу 10 минути, потоа се намалува рерната на 180 степени и се пече додека не се добие бакарна боја.

Шербетот се подготвува во 900 мл. вода се раствора 1,1 до 1,3 кг шеќер (не препорачувам многу шеќер околу 900 грама се доволни) на одредена температура по растопувањето на шеќерот се вари 3-5 минути и се додава сок од половина лимон.

Се остава 1-2 минути само да здивне и потоа се прелива кадаифот, при што кадаифот да биде ладен додека шербетот топол.

Се остава да впие од шербетот, а потоа се сече и сервира.

Уживајте во вкусот!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар и Шкендија ремизираа во дербито на колото

Следно

„Талат Џафери стана инспектор со власт само врз административците“

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop