„Талат Џафери стана инспектор со власт само врз административците“

March 16, 2024
1 min read

Албанската опозиција го обвинува техничкиот премиер Талат Џафери дека не може да донесе напредок за ниту едно прашање за Албанците. Се претворил во инспектор кој има авторитет само врз административните службеници. Блерант Рамадани од коалицијата Вреди смета дека премиерот Албанец од ДУИ не е ништо друго, освен симболика без конкретни резултати. Според Вреди, тоа се докажало и кога Џафери бил прашан зошто во специјалната единица Тигри нема Албанец, а тој одговорил дека тоа не е негова надлежност.

„Ако тоа е надлежност на Министерството, тогаш каде беа вашите министри како Агим Нухиу и Земри Ќамили, кои имаа соодветна надлежност за ова прашање, но кои воопшто не беа заинтересирани за прашањето за специјалната единица Тигри, каде за Албанците вратата и понатаму останува затворена. За Албанците нема поголема навреда од тоа да имаат министер Албанец за образование, а од друга страна, учениците Албанци да не можат да ја следат наставата на својот јазик; нема поголема навреда од тоа да имаш министер за финансии Албанец, додека на албанските населби им се доделуваат скандалозни буџети, а нема поголема иронија од ситуација со премиер Албанец кој нема ниту овластување, ниту соодветен легитимитет да ја објасни дискриминацијата каде ниту еден Албанец не е вработен во една толку важна единица за националната безбедност на нашата држава“, рече Блерант Рамадани, „Вреди“.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кадаиф: Шербет десерт, традиционален за Прочка – еве како да го подготвите

Следно

Продолжува гласањето на претседателските избори во Русија

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање
Go toTop