Јужноафриканската Република поднесе пријава до Меѓународниот суд за правда против Израел за случај на геноцид во Газа

December 30, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Јужноафриканската Република вчера поднесе барање за започнување на постапка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (ICJ), барајќи од судот да одреди времени мерки, известува Анадолу.

„Пријавата е поднесена во врска со наводни кршења на обврските на Израел кон Конвенцијата за спречување и казнување на злосторство геноцид извршен врз Палестинците во Појасот Газа“, се наведува во соопштението на Меѓународниот суд на правдата.

Во пријавата се вели дека делата и пропустите на Израел се од геноциден карактер, биејќи се сторени со потребата на специфична намера да се уништат Палестинците во Газа како дел од поширока палестинска национална, расна и етничка група.

„Однесувањето на Израел, преку неговите државни органи, државните агенти и други лица и ентитети кои делуваат по нивни упатства или под нивно водство, контрола или влијание, во однос на Палестинците во Газа, претставува кршење на неговите обврски кон Конвенцијата за геноцид“, се вели во соопштението.

Јужноафриканската Република во пријавата го обвини Израел дека не спречил геноцид и дека спроведува директно и јавно злосторство на геноцид.

„Израел се вклучи, се вклучува во понатамошно ангажирање во геноцидни дела против палестинскиот народ во Газа“, наведе Јужноафриканската Република во пријавата.

Од Меѓународниот суд на правдата е побарано да се одредат времени мерки за да се спречи понатамошна, тешка и непоправлива штета врз правата на палестинскиот народ според Конвенцијата за геноцид, за да се обезбеди Израел да ги почитува своите обврски кон Конвенцијата за геноцид, да не учествува во геноцид, да го спречи и да го казни геноцидот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и тивко, температурите до 16 степени

Следно

До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет..

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop