Јувентус ќе го награди Влаховиќ со нов договор и повисока плата

February 28, 2024
1 min read

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е пред продолжување на договорот со Јувентус и после 2026 година. Како што пишува „Газета“, Јувентус е подготвен да го награди Србинот за одличните партии во тековната сезона, и затоа ќе му биде понудена нова соработка и поголема плата.

Според најавите Влаховиќ ќе го продолжи договорот до 2028 година, додека платата на српскиот голгетер ќе порасне и до 12 милиони евра по сезона.

Со тоа Јувентус ќе го заклучи неговото заминување од Торино, за кое се шпекулираше во изминатите години, откако за него беа заинтересирани неколку клубови, но јасно е дека Влаховиќ ќе остане дел од тимот од Торино и в оследните години.

„Црно-белите“ сезонава се далеку од титулата во Серија „А“, но се блиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја ја сотре Европа

Следно

Третата бременост на Богдана Ражнатовиќ не тече лесно како првите две: Фотографијата го откри загриженото лице на трудницата во седмиот месец (ФОТО)

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop