Jунајтед испрати последна понуда до Барселона за Фати

February 9, 2023
1 min read

Манчестер јунајтед се уште е сериозно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Барселона, Ансу Фати.

Како што објави „Fichajes“, во Манчестер се подготвени да платат отштета во висина од 60 милиони евра за Фати и чекаат одговор од каталонскиот клуб.

Дваесетгодишниот Шпанец е „дете“ на каталонскиот великан. Неговиот актуелен договор со Барса е до летото 2027 година.

Во тековната сезона, Фати има 31 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и три асистенции.

Вредноста на играчот според порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 50 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорче Петров ќе донира 300.000 денари за Турција и Сирија

Следно

Платите 15 години ни се исти, претседателството на МАНУ е незинтересирано да ги реши проблемите, реагираат стручните служби на Академијата кои од денеска штрајкуваат

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop