ЈП Дрисла се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

September 26, 2023
1 min read

реклама



ЈП Дрисла Скопје се соочува со казна од 110 илјади до 120 илјади евра, а управителот со казна до 6 илјади евра.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор.  

реклама

Изречената казна следува по вонредниот надзор на Инспекторатот на 04.09.2023 година, по дојава на граѓани од селото Батинци, за загадување на Маркова река во претпладневните часови.

При вонредниот надзор, визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но при надзорот не е почувствуван некаков мирис.

реклама

Според ДИЖС, истиот ден од страна на акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ Скопје земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река, како и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци.

Наодите од визуелниот надзор и резултатите од акредитираната лабораторија која анализираше земени мостри, утврдија концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности и истите потекнуваат од исцедокот од депонијата.

реклама

Заштитата на животната средина е еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и ја поддржуваме секоја акција во насока на заштита на природата и животите на нашите граѓани. Наша цврста определба е примена на европските стандарди во сите сфери на општеството, вклучувајќи ја и животната средина, за што сведочи и нашето делување со конкретни активности во правец на овозможување на чиста животна средина и зачувување на природниот екосистем.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Авганистан: Во Кабул пронајдено огромно складиште со оружје

Следно

Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop