Јовановиќ: Зголемувањето на ДДВ е товар за сиромашните, богатите остануваат недопрени

December 13, 2024
1 min read

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии оцени дека предложеното зголемување на ДДВ од 18% на 19,5% ќе го погоди најмногу сиромашното население и средната класа, додека богатите ќе останат речиси незасегнати.

„ДДВ е регресивен данок, данок на потрошувачка што пропорционално повеќе ги оптоварува сиромашните. Тие го трошат целиот свој доход, додека богатите трошат само околу 5% од заработеното,“ изјави Јовановиќ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Според него, сиромашните и средната класа ќе го почувствуваат најголемиот удар, бидејќи зголемувањето директно влијае на нивните секојдневни трошоци, додека богатите, кои штедат значителен дел од својот приход, нема значително да бидат засегнати.

Оваа мерка предизвика бројни реакции во јавноста, со критики дека дополнително ќе ја влоши економската нееднаквост во земјата.

По предупредувањата од Фискалниот совет, и Светската банка истакнува дека државата мора да преземе мерки за да го намали дефицитот. Клучните предлози вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на придонесите за пензиско осигурување и ревизија на сегашниот модел за индексирање на пензиите.

Во извештајот на Светската банка се наведува дека без интервенција, бројот на пензионери ќе го надмине бројот на вработени, што би создало уште поголем товар врз фондот.

Дополнително, банката предлага зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на 19%, зголемување на данокот на добивка на 10%, како и укинување на повластените стапки за стоки што не се основни. Препораките вклучуваат и корекција на акцизите и елиминирање на тендерите со еден понудувач.

Иако Владата засега не планира зголемување на старосната граница или на придонесите, новиот буџет за 2025 година предвидува трансфер од над 800 милиони евра од државната каса за ПИОМ.

Од УЈП уверуваат дека даночните приходи можат да се зголемат без промени во даночните стапки, но експертите предупредуваат дека без структурни реформи, товарот врз буџетот ќе продолжи да расте.

Светската банка дополнително сугерира деполитизирање на јавниот сектор, укинување на субвенциите за тутун и ревизија на позитивната листа, како мерки што би придонеле кон економска стабилност.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФОТО: Вандализиран автомобил на македонски државјанин во Софија!

Следно

„Архиви на невидливите“ ги враќа вредностите на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop