„Архиви на невидливите“ ги враќа вредностите на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија

December 13, 2024
1 min read

Центарот за истражување на национализмот и културата ЦИНИК, Скопје овој викенд организира два настани по повод одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија (14-15.12.1944).

Утре, сабота 14 декември со почеток во 19 часот во Музејот на Македонија ќе се одржи промоција на втор зборник научни текстови чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание – „Македонка“. Зборникот со наслов „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“ нуди специфични и продлабочени наоди за периодот додека се печател овој весник. Автори на текстовите се: Ана КолариќПетар ТодоровАна Ашталковска ГајтаноскаСлавчо ДимитровХристина Иваноска и Елени Новаковска. Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска. Промоторка е Ана Василева. Изданието ќе биде бесплатно дистрибуирано за присутните на промоцијата.

Во недела, 15 декември со почеток од 13 часот ќе се случува Тркалезна маса конципирана од страна на програмскиот одбор составен од Ивана ХаџиевскаАндријана Папиќ и Јана Коцевска, на тема: „АФЖ: Недовршена револуција – сеќавање на минатото, замислување на иднината“. Настанот се надоврзува на практиките за одбележување на јубилеите на АФЖ низ дискурсот на претставници од релевантните институции и научната јавност, кои кулминирале во 1970те години, за по 1990те години да исчезне од јавноста. Тркалезната маса има за цел да собере експерт(к)и, со искуство од областа на женската историја, односно феминистичкиот активизам, кои низ отворена дискусија ќе ги артикулираат прашањата поврзани со политиките на сеќавање/заборав, третманот на антифашистичките идеи и историски искуства во современиот контекст, женската историја во јавниот простор и значењата на комплексното наследство на АФЖ. Дискусијата ќе ја модерира Ана Василева. Тркалезната маса е простор отворен за претставнци/чки од научните, образовните институции, како и од граѓанската сфера и медиумите, а тие ќе имаат можност да се надоврзат на дискусијата. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јовановиќ: Зголемувањето на ДДВ е товар за сиромашните, богатите остануваат недопрени

Следно

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Белгија

Latest from Blog

Турското МНР го осуди нападот на терористичката ПКК врз ирачките војници

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије, заедно со Ирак, ќе продолжи да се бори против тероризмот, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи по убиството на двајцата ирачки граничари од страна на терористите на

Тошковски: Оваа генерација покажа дека со храброст, посветеност, сплотеност и тимски дух можеме да се носиме со најдобрите

Вечерва во Вараждин по завршувањето на натпреварот со Франција имав чест лично да ги посетам нашите ракометари и да им честитам за борбеноста и пожртвуваноста што ја покажаа. Со голема гордост ги

Арсовска објави фотографија: Лицата кои ги трујат скопјани и кои претепаа инспектори и натаму се на слобода

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го повика МВР да реагира и да ги уапси лицата кои нанеле тешки телесни повреди на инспекторите од Град Скопје, и дека истите продолжуваат да го трујат

Касами продолжува да сее раздор во Тетово, му пречат улиците со македонски имиња

Од Сојузот на борци од Тетово апелираат до државниот врв, дипломатскиот кор и особено до Владата веднаш да го осуети обидот за креирање немир и јавно да го осудат националистичкото сценарио во

Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Македонија секој ден оди чекор напред. Владата засилено работи на трансформација на државата. МВР прими 497 нови полицајци, се засилуваат безбедносните сили, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на
Go toTop