ЈАЗИКОТ Е ВАЖЕН ИСТО КАКО И ОДБРАНАТА И ПОЛИТИКАТА, А ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „БУШАВА АЗБУКА“ 10 ГОДИНИ ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ЧУВААТ ВО ФИОКА, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ СЛОБОДАН УНКОВСКИ

February 21, 2025
2 mins read

Екипата на „Бушав буквар“, последното недовршено дело на Горан Стефановски кое е продолжение и возобновување на  култната ТВ-серија „Бушава азбука“, реагира дека додека институциите го чествуваат 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, го оставија проектот во бирократски процедури речиси 10 години.

Серијата од 1985, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм и актерска игра. Имаше вкупно 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, секоја посебно посветена на буквите од македонската азбука. Таа е убедливо најуспешниот производ на МРТ, со кој многу генерации ја научија азбуката.

„Се потсетуваме на значењето на зачувувањето на македонскиот јазик, кој пред 80 години беше официјално кодифициран. ‘Бушава азбука’, како едно од најзначајните културни и образовни дела, сè уште не е доволно препознаена од институциите како национален проект, иако веќе 40 години игра клучна улога во негувањето и ширењето на јазичната култура. ‘Бушав буквар’ остана заробен во бирократските фиоки речиси 10 години. Додека јазикот е под закана, институциите не сметаат дека проектите како ‘Бушава азбука’ треба да бидат дел од национален интерес. ‘Бушав буквар’ ја задржува структурата и препознатливоста на ‘Бушава азбука’ притоа воведувајќи нова и оригинална содржина“, стои во реакцијата од екипата.

Режисерот Слободан Унковски, кој ја режираше „Бушава азбука“ и е дел од екипата и на продолжението, смета дека не треба да се чека само на телевизија, туку дека новите технологии треба да бидат канал за понатамошно промовирање на јазикот.

„Не велам дека треба да има Министерство за јазик, ама јазикот ни е исто важен како Министерство за одбрана, на пример, или како Министерство за политика. Затоа што тоа е суштината, нема друго,“ вели Унковски.

„Бушав буквар“ е реобмислено продолжение на „Бушава азбука“ во продукција на „2БА продукција“ и „Види Вака раскажувачко студио“. Тие лани на 20 декември најавија дека во 2025 ќе излезе новата анимирана серија „Буквождер“. „Буквождер“ е анимирано продолжение и приказна за буквите и македонскиот јазик од „Бушава азбука“. Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ и Мите Кузевски.

Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка. Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“, Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната „Бушава Нова година“, со која тогаш се промовираше серијата, како и анимацијата на новата серија се дело на Никола Димов, Дамјан Михаилов и Горан Менков.

„По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од ‘Бушав универзум’ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства. Со оваа анимирана серија, чие емитување се очекува во 2025, започнува новата етапа на ‘Бушава азбука’ и ‘Бушав универзум’ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура. Во меѓувреме, седум години траат напорите за финансирање на ‘Бушав буквар’, продолжение на легендарната телевизиска серија ‘Бушава азбука’, за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права. Серијата за која институциите се глуви од 2018 е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова-Меллес дел од оригиналната постава на омилената ‘Бушава азбука’“, соопштија лани од „Види вака“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто од јавноста се кријат средбите на мешовитата македонска бугарска историска комисија

Следно

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop