Јавни, државни претпријатија, болници, министерства општини должат над 670 милиони евра – на врвот Железници, ЕСМ, Клинички

May 2, 2026
1 min read

За над 9 милиони евра пораснал долгот на јавните државните претпријатија, општините министерствата и тоа за само три месеци.

Од извештајот на министерството за финансии може да се види дека заклучно со март, нивните доспеани, а неплатени долгови надминуваат 676 милиони евра. Со вакви бројки ја стартуваат годинава.

Во главната петорка повторно се веќе добро познатите должници.

Железничките претпријатија натрупале долг од над 80 милиони евра.

ЕСМ компанијата која веќе подолго време се обидува да се врати барем на позитивна нула, првиот квартал го заокружи со долг од над 55 милиони евра.

Меѓу првите се најде и едно од претпријатијата за парно на електрани, дистрибуцијата. Со доспеан а неплатен дол год 33 милиони евра.

И клинички центар со 30 милиони евра.

Меѓу поголемите должници се јавуваат и ЈСП и Водовод и канализации. Но и останатите компании за парно на ЕСМ.

Тие се формираа за време на претходната енергетска криза.

Сега најверојатно наместо три, ќе се обединат во една фирма.

МЖ Инфраструктура 80,6 милиони евра

МЖ Транспорт 80,5 милиони евра

ЕСМ 55,8 милиони евра

ЕСМ Дистрибуција на топлина 33 милиони евра

СОЗР на Клинички центар 30 милиони евра

На долгиот список должници на финансии се речиси сите општини, министерства, студентски домови, Градскиот трговски центар, казнено поправни домови, македонската радио телевизија, училишта и други.

Дури и со долг од 100 илјади евра се најде и развојната банка. Од општините рекордери се Тетово и Гостивар со доспеан, неплатен долг од 12 до 14 милиони евра.

Општина Гостивар – 14,3 милиони евра

Општина Тетово 11,9 милиони евра

Според извештајот, долговите на јавните државните претпријатија, општините министерствата се по разни основи, за плати придонеси, договорни услуги привремени вработувања, материјали инвентар, за камати од кредити, за купување на мебел возила, и слично.

Експертската јавност досега неколку пати предупреди дека ваквиот долг на овие институции е загрижувачки и ако се вклучи во вкупниот јавен долг на државата тој ќе многу поголем.

Причините за ваквите бројки ги лоцираат или во недомаќинско работење или во злоупотреби.

Инаку, министерството за финансии секој квартал ги објавува ваквите извештаи кои се базираат на податоците доставени од претпријатијата, министерствата, општините и други.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса ја победи Осасуна и чека на утрешниот меч на Реал

Следно

ОСТРА ПОРАКА ЗА ПУТИН: „Не е способен да се соочи со НАТО“

Latest from Blog

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV

“Земјотрес“ во Турција: Салах во Трабзонспор за 15 милиони евра годишно!?

ФОТО: Liverpool FC/FB Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ – Трамп повторно хит на интернет

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако за време на своето обраќање со гестикулации и звучни ефекти го имитираше дејството на американската противвоздушна одбрана. Опишувајќи го

Милеи донесе вонреден декрет по масовните навреди кон Аргентина по Светското првенство

По тешкиот пораз во финалето на Светското првенство, што го поттикна верувањето во Аргентина дека земјата станала цел на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша вонреден декрет со кој им се

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија
Go toTop