Јавен обвинител денеска ќе поднесе жалба до судот бидејќи не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во М-НАВ

January 6, 2024
2 mins read

Четворицата осомничени за упадот во зградата на Македонската навигација, кои синоќа беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд-Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, како што предложи Обвинителството

Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд-Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРМ).

Четворицата осомничени за упадот во зградата на Македонската навигација, кои синоќа беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд-Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, како што предложи Обвинителството.

Како што информираа од Основниот кривичен суд-Скопје, осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи, односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно синоќа соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за завчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информираше Обвинителството, се товарат се кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Обвинителството отвори истрага против осуммина за упадот во М-НАВ, им се заканува затвор од најмалку пет години

Упадот во Македонска навигација се случи завчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информираше дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. 

Непознати лица упаднале во М-НАВ, заедно со еден од вработените нападнале други тројца вработени

Поврзани вести:

Тунтев: Безбедноста на воздушниот сообраќај не е загрозена, направен е вонреден инспекциски надзор и ќе бидат преземени неопходните мерки

Кошкање има во секоја фирма, се работи за личен конфликт – вели директорот Хамиди за упадот во М-НАВ

ДУИ: Инцидентот во М-НАВ неправедно се обидува да ни се припише нам, а се работи за конфликт меѓу колеги

Тасевски на средба во Делегацијата на ЕУ за ситуацијата во М-НАВ: Амбасадите ги следат сите случувања, жално е што ова одекна насекаде

Пендаровски со осуда за инцидентот во М-НАВ: Ничиј личен или партиски интерес не може да биде над правниот поредок

Беким Незири е во полициска станица – со него се врши службен разговор по налог на ОЈО Скопје

Ако нападот на вработените во М-НАВ не се расчисти, не се исклучува можноста за целосно затворање на воздушниот простор, вели Тасевски

ТВ Алсат: Беким Незири од ДУИ ги нападнал вработените во контролата на летање

Владата најави разрешување на целото раководство на М-НАВ и ревизија на досегашното работење

Четворица поврзани со нападот во М-НАВ се во полициска станица, по четворица други се трага

„Замисли“ ја поздрави одлуката за разрешување на раководството на М-НАВ: Поважно од кога било е вистинските луѓе да се на вистинските места

Контролата на летање в среда стапува во штрајк доколку Владата не ги разреши директорите на М-НАВ

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спречен нелегален влез на 11 мигранти по контрола на три камиони од Полска

Следно

Јавен обвинител ќе се жали до судот, бидејќи не одреди притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ

Latest from Blog

ДРАМА НА ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ во Франција – Десницата убедливо води, корупциски скандал го урна најголемиот ривал!

Само неколку дена по веста дека против претседателот на француската партија „Хоризонти“, Едуар Филип, е покрената официјална истрага за сомнежи за проневера на јавни средства, фаворизирање, незаконски судир на интереси и изнуда

Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“. – Во пријатна

„Комуналец“ – Прилеп: Отпадот за Курбан Бајрам да се одлага во специјални контејнери

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека во пресрет на празникот Курбан Бајрам, кој годинава започнува на 27 мај, се поставени два специјални контејнери за одлагање отпад од животинско потекло. Контејнерите се поставени

Американската војска повторно го нападна Иран

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од
Go toTop