ЈАС СУМ „ВОЛЧИЦА“, ТОА Е ПЕСНАТА ОД РОМЕО ШТО НАЈДОБРО МЕ ОПИШУВА – ПОДКАСТ СО КАЛИОПИ

October 9, 2024
1 min read

Песната „Волчица“ (Vučica)  отпеана на хрватски јазик, што за Калиопи ја има напишано нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, е песна со која македонската поп-пејачка најмногу се идентификува. Тоа го откри во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Ромео Грил, со кого го имаат синот Пако, за неа ја напиша „Волчица“ во 2012.

„Ја напиша во еден вистински момент и сфатив дека иако е далеку од мене, будно следел некои случувања. И ме има опишано мене и многу други жени кои се пронајдоа во неа. На сите мои концерти жените ја пеат, а мажите се среќни бидејќи ги опишувам жените во неа“, вели Калиопи.

Пред концертот кој ќе го одржи на 19 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, Калиопи вели дека ќе биде во карантин една недела пред настапот. Таа во подкастот ги најави и гостите: „Жељко Самарџиќ, тука ќе биде и Слаткаристика, а ќе дојде и Ромео, но не верувам дека ќе запее туку ќе засвири нешто на неговата гитара. Кога доаѓа кај мене дома знаеме да си запееме, Ромео има многу интересен глас, но никогаш не сака да се експонира“.

Таа се сеќава на нејзините почетоци и раскажува дека била многу возбудена кога за првпат влегла во старата зграда на Македонската телевизија во Нерези во времето кога на „Златно славејче“ ја испеала „Мојата учителка“.

„Мајка ми ми соши еден специјален фустан, тоа беше моето прво снимање и мојот прв хонорар. Го потрошив на подароци за сите мои најблиски. Не купив за себе ништо“, се сеќава Калиопи.

Калиопи вели дека не се чувствува инфериорно во однос на мажите во професијата, но според неа, на мажите им е полесно во музиката, а многу ѝ значи кога во публиката на концертите има повеќе жени.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е „балансерот“ за чија судбина денеска ќе одлучува Уставниот суд?

Следно

Протест во Ново Село против изградба на Леарница

Latest from Blog

6,2 милиони денари промет на Берзата, најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.160,71 поени. Во однос

Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална

Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

Реконструкцијата на дел од Старата скопска чаршија се приближува кон завршната фаза, а најголемиот дел од планираните градежни активности веќе е реализиран, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. „Ветивме дека ќе

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром станува модерен центар и препознатлив симбол на регионот

Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ доби целосно нов изглед и значително зголемен капацитет, со цел да обезбеди подобро и поудобно искуство за патниците, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски
Go toTop