Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

September 11, 2026
1 min read

Реконструкцијата на дел од Старата скопска чаршија се приближува кон завршната фаза, а најголемиот дел од планираните градежни активности веќе е реализиран, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

„Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Чаршијата. Денес резултатот веќе се гледа“, порача Меџити, посочувајќи дека по повеќе од пет децении овој значаен историски, културен и економски простор добива темелно обновена инфраструктура и уреден јавен простор.

Проектот опфаќа површина од 1.567 квадратни метри, каде што се интервенирало од подземната инфраструктура до конечниот изглед на улиците. Изградени и обновени се водоводната и канализациската мрежа, електричната инфраструктура и мрежата за оптички кабли.

Истовремено, извршена е реставрација на калдрмата со камен травертин, поставено е ново осветлување во традиционален стил и подобрени се површините наменети за пешаците. Проектот ја опфаќа улицата „Самарџиска“ и уште пет помали делници во Старата скопска чаршија.

Вкупната вредност на инвестицијата надминува 28 милиони денари. Според Меџити, целта на реконструкцијата е Чаршијата да добие современа и функционална инфраструктура, притоа да се зачуваат нејзиниот автентичен изглед, историскиот карактер и препознатливиот архитектонски идентитет.

Од Општина Чаир претходно посочија дека станува збор за еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија, со кој треба да се подобрат условите за посетителите, жителите, занаетчиите и сопствениците на деловни објекти.

„По повеќе од пет децении, Чаршијата суштински се менува, а истовремено го задржува својот идентитет“, истакна Меџити, најавувајќи дека реализацијата на проектот се движи кон целосно завршување.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром станува модерен центар и препознатлив симбол на регионот

Следно

Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

Latest from Blog

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа

Проданоски: Го чуваме квалитетот на прилепскиот тутун и традицијата на тутунопроизводството

Во Прилеп денеска се одржува Ориенталниот тутунски форум ITGA 2026, во организација на Меѓународната асоцијација на производители на тутун, во соработка со UNITAB и Сојузот „Мака на тутуноберачите“ – Прилеп. Форумот обединува
Go toTop