ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром станува модерен центар и препознатлив симбол на регионот

September 11, 2026
1 min read

Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ доби целосно нов изглед и значително зголемен капацитет, со цел да обезбеди подобро и поудобно искуство за патниците, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски посочи дека е извршена целосна реконструкција и надградба на терминалната зграда, изградени се нови простории за полицијата и царината, а бројот на шалтери за чекирање е зголемен на осум.

„Практично имаме еден нов аеродром. Имаме целосна надградба на Охридскиот аеродром, реконструкција на постојната терминална зграда и нејзина надградба“, рече Николоски.

Капацитетот на терминалот е зголемен на околу 3.400 квадратни метри, а бројот на излези е зголемен на осум, од кои шест се новоизградени. Според Николоски, последната поголема интервенција на аеродромот била направена во 1970-тите години, по што дури сега следува целосна модернизација.

Министерот очекува оваа година Охридскиот аеродром да опслужи меѓу 350 и 400 илјади патници, а во периодот што следува да го надмине и бројот од половина милион патници.

Како што посочи, годинава аеродромот веќе забележал рекорд од 21 лет во еден ден и повеќе од 3.000 патници дневно.

Посебно внимание при реконструкцијата било посветено и на автентичноста на Охридскиот регион. Во терминалот се поставени реплики на фрески од црквата „Света Софија“, мозаици од Охрид и елементи од македонската традиција, со што просторот е замислен како мал музеј за патниците.

„За мене еднакво важно како практичната изградба на нов аеродром беше да го направиме овој мал музеј. За Балканот и за Југоисточна Европа ова е уникатно искуство“, истакна Николоски.

Реконструиран е и делот за пасошка контрола и безбедносните проверки, воведени се две линии за проверка, а отворен е и нов фри-шоп. Изградени се и нови простории за царината и полицијата, како и амбуланта, односно мини-болница, за укажување медицинска помош на патниците директно на аеродромот.

Николоски истакна дека растот на бројот на патници е поврзан и со програмата за субвенционирање на нови авиолинии. Според него, скопскиот и охридскиот аеродром се меѓу најбрзорастечките аеродроми во Југоисточна Европа.

Тој најави дека се разговара со „Виз ер“ најмалку еден авион да биде стациониран во Охрид, со што би се создала база на авиокомпанијата и на охридскиот аеродром. Воедно, зголемена е фреквенцијата на летовите од Белград, Истанбул и Виена, а наскоро се очекува најава и на нови дестинации.

Во однос на инфраструктурата, Николоски најави дека работите на автопатот Охрид–Кичево продолжуваат со забрзано темпо. Според него, дел од трасата е завршен, повеќе од 10 километри треба да бидат пуштени во употреба во следните два месеца, додека целиот автопат се очекува да биде пуштен во првата половина од следната година.

„Паралелната изградба и на автопати и развојот на аеродроми е начинот најдобар за Македонија да се постави како вистинска раскрсница на Балканот“, порача Николоски.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса веќе го одбрала наследникот на Ханси Флик?!

Следно

Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

Latest from Blog

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа

Проданоски: Го чуваме квалитетот на прилепскиот тутун и традицијата на тутунопроизводството

Во Прилеп денеска се одржува Ориенталниот тутунски форум ITGA 2026, во организација на Меѓународната асоцијација на производители на тутун, во соработка со UNITAB и Сојузот „Мака на тутуноберачите“ – Прилеп. Форумот обединува

Николоски: Конкурентните цени и подобрата инфраструктура го поттикнуваат извозот

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во

Димовски: Изборите во Бугарија може да бидат пресврт за односите со Македонија

Изборите во Бугарија се поважни за иднината што Македонија сака да ја гради, иако случувањата во Србија привлекуваат поголемо внимание, оцени Илија Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител. Поранешниот
Go toTop