Јапонија насилно стерилизирала деца и возрасни, извештај открива застрашувачки детали

June 23, 2023
1 min read

Извештајот од 1 400 страници, поднесен во парламентот оваа недела, во детали опишува како помеѓу 1948 и 1996 година околу 16 500 луѓе биле оперирани без нивна согласност според законот кој имал за цел „да го спречи раѓањето неквалитетни потомци и да ги заштити животот и здравјето на мајката“

Активисти во Јапонија жестоко реагираа на владиниот извештај во кој се открива дека меѓу илјадниците луѓе биле насилно стерилизирани според закон кој не бил укинат до 1990-тите години, пишува Гардијан.

Извештајот од 1 400 страници, поднесен во парламентот оваа недела, во детали опишува како помеѓу 1948 и 1996 година околу 16 500 луѓе биле оперирани без нивна согласност според законот кој имал за цел „да го спречи раѓањето на неквалитетни потомци и да ги заштити животот и здравјето на мајката“. Повеќето од жртвите биле жени.

Уште 8 000 други луѓе дале согласност, речиси сигурно под принуда, додека речиси 60 000 жени абортирале поради наследни болести.

Долгата кампања на жртвите за компензација го истакна лошото постапување од страна на јапонската држава кон лицата со попреченост и хронични состојби во периодот по Втората светска војна, пишува „Гардијан“.

Во 2019 година пратениците усвоија закон со кој на секоја жртва ѝ се нуди компензација од владата во износ од 22 800 американски долари, што, според активистите, е срамно за страдањата што ги доживеале жртвите. Рокот за пријавување на уплатата истекува во април 2024 година, но до денес само 1 049 ја добиле таа сума, пишуваат медиумите.

Досега четири суда пресудиле во корист на жртвите, но други застанале на страната на владата сметајќи дека 20-годишниот рок за застареност е поминат. Адвокатите тврдат дека жртвите премногу доцна дознале за природата на нивната операција за да го испочитуваат законскиот рок за барање компензација.

Германија и Шведска имале слични мерки, но им се извинија на жртвите и обезбедија компензација. Законите на двете земји беа укинати неколку децении пред законите на Јапонија.

Во извештајот што го пренесува „Гардијан“ се наведува дека стерилизацијата според сега веќе непостоечкиот закон, кој опфаќаше луѓе со интелектуална попреченост, ментална болест или наследни нарушувања, за да спречат раѓање „инфериорни“ деца, беше услов за прием во некои социјални институции или за брак.

Фото: Илустација, EPA-EFE/SAMIULLAH POPAL

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен разговараше со Гутереш за можното повлекување на Русија од Иницијативата за жито

Следно

Општина Карпош: Целосно се менуваат прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop