Општина Карпош: Целосно се менуваат прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“

June 23, 2023
1 min read

Општина Карпош започна со целосна промена на прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“.

– Летниот период е најидеалниот период за реконструкција и обновување на одредени објектите. Така, по промената на прозорите, покривот и фасадата на истото училиште во 2012 година, својот ред го доби и салата во која спортуваат најмалите. Локалната самоуправа за оваа намена, од својот буџет, одвои околу 630.700 денари, а во реконструкцијата влегуваат ПВЦ конструкција вклучувајќи, рамка, крила и т-пречки, изработени од шестокоморни профили со двоен дихтунг за звучна и  термо изолација, велат од општина Карпош.

Денеска градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски беше во обиколка на оваа училишна установа.

– Овој период ги менуваме стаклата, односно прозорите во спортската сала Аврам Писевски, ќе се постават заштитни кутии, и на тој начин ќе ги заштитиме учениците од несакана незгода при кршење од топка или било што друго. Прозорите ќе располагаат со механизми за отворање и затворање, со цел да се ветрее просторијата. Покрај ова, училиштето “Аврам Писевски,, ќе биде и целосно бојадисано, учениците ќе дојдат во комплетно ново училиште.  Од сега па натаму, во сите училишта бојата ќе биде антибактериска, која ќе може да се чисти и со водена крпа. Продолжуваме со овие наши инвестиции за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите најмлади жители во Општина Карпош, истакна Јакимовски.

Рокот на изведба на прозорите во спортската сала е 30 дена. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонија насилно стерилизирала деца и возрасни, извештај открива застрашувачки детали

Следно

Градоначалничката Арсовска додели награди на европските шампиони од СУГС “Никола Карев“ 23.6.2023

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop