Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

November 7, 2025
1 min read

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews.

Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел со брзина од 150 км/ч кога влетал во езерото.

Целата ситуација траела околу 34 минути, додаде Златанов.

„Околу 21:20 часот, патролата забележала многу агресивно и брзо возење и се обидела да го запрат возилото. Тоа не застанало“, рече тој.

Додаде дека автомобилот упорно одбивал да застане и двапати го сменил правецот. На крајот, се упатил кон Бургас, каде што полицијата поставила двоен контролен пункт.

Се обиделе да го запрат со шилци, но возачот на автомобилот со мигрантите возел блиску зад друг автомобил што се движел по патот.

„Возеше блиску зад него, дури и го удри одзади еднаш или двапати. Сакаше да вози блиску до него за да не користиме шилци. Луѓето во овој автомобил се добро, колегите ги идентификуваа веднаш по инцидентот“, додаде Златанов.

Сепак, автомобилот со мигрантите потоа слета во езеро. Шест лица загинаа, додека четворица, вклучувајќи го и возачот, се повредени.

Преживеаните мигранти рекоа дека се од Авганистан.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го пречека Орбан во Белата куќа – главна тема: Украина и санкции кон Русија

Следно

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop