Јаник Синер е новиот шампион на Австралија Опен

January 28, 2024
1 min read

МЕЛБУРН (АА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер (22) победи на Австралија Опен откако во финалето по голем пресврт го совлада Данил Медведев (27) со 3:2 (по сетови 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3) пренесува Анадолу.

Рускиот тенисер, трет рекет во светот, имаше предност од 0:2 во сетови, но Синер успеа да направи пресврт и следните два сета да ги добие со 6:4 во гемови и да го изедначи резултатот на 2:2 во сетови. Последниот решавачки сет Синер го доби со 6:3 во гемови и со победата од 3:2 дојде до својот најголем успех во кариерата, откако во полуфиналето го совлада Новак Ѓоковиќ.

Ова е прво финале на Синер на еден Гренд Слем турнир, додека Медведев го одигра своето шесто финале, но остана на една освоена Гренд Слем титула, успех постигнат на УС Опен 2021 година.

Синер е најмладиот тенисер што успеал да победи на Австралија Опен од 2008 година, кога тоа му појде од рака на Новак Ѓоковиќ на 20 годишна возраст.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре во Белград почнува судењето на родителите на Коста, 14-годишникот кој уби 10 луѓе на училиште

Следно

Тероризам или мафијашка пресметка?

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop