Јаневска: Отворени сме за дијалог со СОНК, но не гледам можност за зголемување на платите

August 23, 2024
1 min read

Зголемувањето на платите на наставниците во основното и средното образование и понатаму неизвесно. Отворени сме за дијалог со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, денес од Штип. 

Дека државната каса е испразнета и нема пари за покачување на платите во образованието, Јаневска кажа и вчера, но од СОНК велат дека, по Закон на наставниците им следува 12 проценти  зголемување на платите, со што се надеваат на позитивно решение до средината на следниот месец. 

И додека надлежните си ја подаваат топката, секојдневно се соочуваме со дефицитарен кадар и немотивирани просветни работници. Дека проблемот е комплексен, потврди и Јаневска, бидејќи, како што кажа, во одредени општини има вишок на наставници, а во одредени пак, има недостиг.

Инаку, за седум години, во државата има 16 илјади ученици помалку, а бројката на првачиња се намалила за над три илјади.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драматични сцени во Копа Либертадорес, фудбалер колабираше на терен (ВИДЕО)

Следно

Таравари: Хирургија функционира, но не се полн капацитет

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop