Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“

March 9, 2025
2 mins read

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на безбедноста во сообраќајот и оти се преземаат активности за да може да се пушти во функција системот „Безбеден град“. Во владина процедура се дел од сетот законски измени што треба да се направат за функцоналост на системот, а од технички аспект за дел се прават проверки за функционалноста.

На новинарско прашање дали се размислува за нови мерки по сообраќајките со жртви во изминатата недела, Јанев денеска порача дека се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има сообраќајни патроли или не изложени сме на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот.

-За жал, морам да констатирам особено неделата што измина имаме сообраќајни несреќи со жртви. Од друга страна добро е што во урбаните средини каде се зајаканати контролите е намален бројот на сообраќајни незгоди и на прекршоци, а е зголемен бројот на детектирани и потенцијални прекршители, што значи дека мерките што ги применуваме даваат соодвети ефекти. Меѓутоа, кажувам како граѓанин, а не претставник на институција, мора сите да ја промениме сообраќајната култура. Ние можеме да бидеме и на секоја точка, ако некој кој ќе ја помине сообраќајната патрола повторно вози како да нема ништо навистина е тажно за сите нас, за жал придонесува со тешки телесни несреќи, високи материјални штети и со жртви. Секако дека размислуваме за микс на мерки кои во иднина ќе ги применуваме. И применуваме. Секојднево работиме со колегите задолжени за сообраќај на национално стратешко ниво, во секојдневна комуникација сме со чинителите низ државата, со општинските власти и со ЈП „Улици и патишта“ во делот на обележување хоризнтална, вертикална, времена сигализација, изјави директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев.

Како МВР, дополни Јанев, овој проблем го имаме детектирано уште пред да настанат сите актуелни појави низ државата, предвреме е согледано и функционира оперативна акција безбеден сообраќај, со сет на мерки преку превентивни кампањи и рестриктивни мерки, но мора да бидеме свесни дека сите сме учесници во сообраќајот, како возачи, како пешаци.

– И нашите малолетни деца се учесници во сообраќајот, мораме културата да ја издигаме на врвно ниво. Се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има сообраќајни патроли или не ние сме изложени на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот, рече Јанев.

Прашан кога ќе профункционира системот „Безбеден град“ и дали за тоа се чекаат локалните избори, рече дека не сака да се впушта во политичка конотација и оти станува збор за поголем проект за кој досега имало само шминка, а сега вистински се постапува, но за примената на потребната технологија во пракса треба да бидат променети најмалку пет закони.

– На трибините што беа организирани во изминатиот период имаше учество од сите чинители и покажуваме дека проблемот е системски и национален, не е веќе проблем само на полицијата или на државата. Потребно е да се создадат сите предуслови за да профункционира системот, не би сакале да ставиме нешто во функциија, па макар како што спомнавте во политички контекст некои работи. Поентата е дека се треба да биде сетирано за да може да функционира правилно и индивидуално, за да не се доведеме во ситуација дека можеби не функционира како што треба од кој било аспект. Има акциски план, сетот законски измени веќе се пуштени во владина процедура, дел се уште се размислуваат и се проверува дали може да бидат од функционален аспект, а од техички аспект најголемиот дел е завршен, информира Јанев.

Како што најави претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, до крајот на месецов ќе биде подготвена првата верзија на сите закони кои треба да влезат во владина процедура, а до крајот на следниот месец во собраниска процедура.

Првите казни од „Безбеден град“ ќе почнат од 1 јануари 2026 година, иако, како што најави, функционирањето на системот ќе се случи порано.

Неколку месеци граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување, а од 1.1.2026 година ќе ги овозможиме законските услови тоа да биде онака како што треба, истакна Тошковски.

Со имплементацијата на системот „Безбеден град“, покрај возилата во движење, ќе се казнуваат и тие што се непрописно паркирани. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции

Следно

Кузеска: Дали огласот за паркингот на клинички од старт бил направен за Ѓока констракшн?

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и

СДСМ: Мицкоски тоне во сопствените лаги

Од СДСМ реагираат дека денешното обраќање на Христијан Мицкоски е уште дна потврда дека тој е „изгубен во сопствените лаги“, додека граѓаните се соочуваат со економска криза, нови задолжувања и пад на
Go toTop