Јакимовски: На син ми и снаа ми наместо извод за венчани им дале извод за умрени

March 12, 2024
1 min read

Синот и снаата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски наместо извод од матичната книга на родени добиле извод од матичната книга на умрени. Јакимовски одржа прес-конференција пред просториите на Управата за водење на матични книги на која кажа дека поради некадарни и несовесни партиски вработувања од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција е нефункционална. 

„Денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа. Потпишана е Диана Аксентиевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка, не може да е на ДУИ. Ете што имаме во институциите кога се вработуваат партиски луѓе кои лепеле плакати. Некој што е совесен со домашно воспитување и што е посветен на својотата работа нема да направи ваква грешка. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на пристрасна кампања и лепење плакати“, рече Јакимовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Краповиќ: Војската на Црна Гора нема да учестува во војната во Украина

Следно

Унија на ЗМСТАС: Договорите на дело за медицинските сестри не се трансформираа во редовен работен однос

Latest from Blog

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира

Божиновска: Во Женева ги претставивме енергетските реформи и растот на обновливите извори

Тим од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја претстави Македонија на Неделата на одржлива енергија на UNECE, која од 28 септември до 1 октомври се одржа во Палатата на нациите

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција
Go toTop