Поради кит потона јахта од 16 метри (ВИДЕО)

October 3, 2026
2 mins read

Екипажот поминал часови во сплав за спасување пред да ги пронајде контејнерски брод. Џема и Џереми Купер, Тери Хедерингтон и Мартин Џафр пловеле на јахтата Таи Там во оддалечен дел од океанот, 250 наутички милји од островот Норфолк, кога биле изненадени од силен удар што го соборил бродот настрана, објавува „The Telegraph“.

Џема Купер, Австралијанка, рекла дека силата на ударот ја соборила од кормилото. Кога погледнала кон морето, видела група китови кашал.

„Погледнавме лево и видовме група од шест до осум китови. Тогаш стана јасно што се случило“, вели таа. Таа исто така рекла дека животните биле долги колку самиот брод.

Џереми Купер спиел под палубата во времето на ударот, но ударот го разбудил. „Веднаш беше јасно дека ситуацијата е критична“, изјави тој. „Целата опрема за управување од десната страна беше уништена и голема количина вода влегуваше во бродот.“

Половина час подоцна, околу 13 часот по новозеландско време, екипажот активирал сигнал за помош. Додека ги чекале спасувачите, тие се обидувале да ја извадат водата од јахтата. „Направивме повик за опасност“, додаде Тери Хедерингтон од Нов Зеланд.

Пукање на трупот и навлегување на вода

Додека авионот „P-8A Poseidon“ на воздухопловните сили на Нов Зеланд ги барал, состојбата на јахтата се влошила. Мартин Џафр, столар од Франција, открива дека китот го пробил трупот на неколку места и дека фибергласот пукнал. Кормилото исто така било уништено, па управувањето со бродот станало невозможно.

Џафр се обидел да го спречи навлегувањето на водата со полиуретанска пена и други материјали. Тој нурнал за да го провери трупот, додека другите рачно ја испумпуваале водата за да не се поплави моторот. Околу полноќ ја напуштиле јахтата и го спуштиле сплавот за спасување во мирното море под полната месечина. Го пресекле јажето што ги поврзуваше со бродот од страв дека ќе ги повлече надолу додека тоне.

„Седевме на сплавот и го гледавме бродот како тоне на околу стотина метри од нас. Воопшто не беше пријатен момент“, изјави Купер за „Најн њуз“.

По 18 часа неизвесност, тие беа спасени од контејнерскиот брод „MV Sofrana Surville“, долг 143 метри, кој стигнал до нив следниот ден наутро во 6 часот. Членовите на екипажот се искачиле по скалите, пиеле кафе и разговарале со капетанот, рече Купер.

Снимките од војската на Нов Зеланд ги забележаа моментите од спасувањето. И покрај сè, Купер заклучи со позитивна нота: „Беше прекрасно искуство со ужасен крај, но за среќа, никој не беше повреден“.

Извор: Индекс.хр

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

OVL UÇK kërkon amendament që të mos rihapen rastet e gjykuara më parë

Следно

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop