Screenshot

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

October 3, 2026
1 min read

Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика

ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ на ЗЕМАК во Струга, каде дел од стручниот придонес на компаниите беше насочен кон една од најактуелните области во енергетиката – батериските системи за складирање на електрична енергија и нивната интеграција со производството од обновливи извори.

Во рамките на конференциската програма, Стефани Георгиевска, електроинженер во Сектор Солар во ФЕРО ИНВЕСТ, го презентираше стручниот труд „Интеграција на систем за складирање на електрична енергија во фотоволтаична централа – техничка и економска анализа“.

Трудот беше базиран на конкретен проект реализиран од ФЕРО ИНВЕСТ – изведена фотоволтаична централа со интегриран батериски систем, и преку практичен пример ја анализираше интеграцијата на батериските системи од два клучни аспекта – технички и економски.

На тој начин беа претставени реални инженерски искуства и податоци од имплементирано решение, особено значајни во услови на зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и сè поголема потреба од нејзино ефикасно складирање и користење во периодите кога е најпотребна.

На темата за батериските системи се дискутираше и во рамки на панелот „Од обновлива кон сигурна енергија: Како складирањето ја менува енергетската иднина“, на кој учествуваше Војдан Андонов, раководител на Сектор Солар во ФЕРО ИНВЕСТ. Во фокусот беа улогата на складирањето на електричната енергија, интеграцијата на батериските системи со обновливите извори и нивното значење за поголема флексибилност и сигурност на електроенергетскиот систем.

ФЕРО ИНВЕСТ во изминатиот период го развива својот инженерски капацитет во областа на батериските системи, со пристап кој го опфаќа целиот процес – од анализа и проектирање, избор и димензионирање на системот, до изведба, интеграција, пуштање во работа, мониторинг и одржување. На тој начин, батериските системи се третираат како интегрален дел од енергетското решение, а не само како дополнителна опрема на фотоволтаичната централа.

На конференцијата ФЕРО ИНВЕСТ и компаниите од групацијата беа претставени и преку изложбен штанд, додека ЕМС (Energy Maintenance Solutions) беше и спонзор на настанот. ЕМС е македонска компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ специјализирана за изведување на енергетски објекти, како и за технички прегледи, испитување, анализа и одржување, обезбедувајќи стручна поддршка во различни фази од нивниот животен циклус.

Со учеството на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа дел од стручната размена на знаење и искуство за прашања кои стануваат сè позначајни со забрзаниот развој на обновливите извори на енергија и потребата од нивна сигурна и ефикасна интеграција во електроенергетскиот систем.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради кит потона јахта од 16 метри (ВИДЕО)

Следно

Божиновска: Во Женева ги претставивме енергетските реформи и растот на обновливите извори

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop