Извозот од одбранбената индустрија на Туркије изминатата 2024-та достигна рекордни 7,2 милијарди долари

January 3, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Одбранбената и аеровселенската индустрија на Туркије постигна значајна пресвртна точка во 2024 година, забележувајќи рекорден извоз од 7,2 милијарди долари, што е пораст од 29 отсто во однос на претходната година, изјави денес шефот на Секретаријатот на Турски одбранбени индустрии, јавува Анадолу.

Ова достигнување ја надминува годишната цел во извозот од одбранбената индустрија од 6,5 милијарди долари за 11 отсто, објави Халук Ѓорѓун на платформата X.

Истакнувајќи ги силните меѓународни перформанси на индустријата, Ѓорѓун истакна: „Благодарение на нашите активности и контакти на меѓународна соработка, нашите компании можеа да извезуваат не во одреден регион, туку во речиси целиот свет“.

Ѓорѓун ја нагласи посветеноста кон секторот за иновации и глобален досег.

„Решени сме да отвориме нови хоризонти, да соборуваме рекорди и да ја пренесеме технолошката моќ на Туркије кон иднината, предводена од нејзините производи од одбранбената индустрија и напредните технологии“, порача тој.

Импресивниот раст ја рефлектира глобалната побарувачка за одбранбени и производи од аеровселенската индустрија на Туркије, поттикнати од напредните технологии и стратешките партнерства.

Гледајќи напред, фокусот на индустријата останува на одржување на моментот и унапредување на извозот на производи со висока додадена вредност. „Во 2025 година ќе продолжиме да работиме со истата одлучност за постигнување перманентно зголемување на извозот“, нагласи Ѓорѓун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија го повтори повикот за прекин на огнот во Газа

Следно

24 интервју со Ѓорѓи Галетановски, претседател на СДСМ – Скопје

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop