Извозот на Туркије во Европа се зголемува и покрај загриженоста на ЕУ за рецесија

February 14, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Извозот на Туркије во Европа во јануари се зголеми за 7,1 отсто во однос на истиот месец минатата година, што изнесува вкупно 10,3 милијарди долари, и покрај загриженоста за економската стагнација и рецесија на Европската Унија (ЕУ), покажуваат податоците на Советот на турски извозници (ТИМ), собрани од Анадолу.

Геополитичките тензии со војната во Украина и строгите монетарни политики наспроти високата инфлација предизвикуваат пораст на ранливите точки на Европа.

Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за глобалните царини и потенцијалните дополнителни царини, исто така, влијаат на економијата во регионот.

И покрај негативните случувања, 48 отсто од извозот на Туркије бил реализиран во Европа, покажуваат податоците. Извозот на Туркије се зголемил за 5,8 отсто на годишна основа минатиот месец на 21,1 милијарди долари.

Автомобилската индустрија е прва во однос на турските извозни артикли во Европа, со остварен извоз од вкупно 2,6 милијарди долари во јануари, потоа доаѓа извозот на хемикалии и хемиски производи со 1,4 милијарди долари, па извозот на секојдневна и свечена облека со 1,1 милијарди долари, електричната енергија и електрониката со извоз од 752,7 милиони долари, црни и обоени метали со 767,1 милиони долари и извоз на челик од 66 милиони долари.

Германија го има примено поголемиот извоз од Туркије, 1,6 милијарди долари минатиот месец, следи Велика Британија со 1,1 милијарди долари, Италија со 910,5 милиони долари, Франција со 795,7 милиони долари и Шпанија со 774 милиони долари.

Најголем дел од турскиот извоз во Европа во месец јануари по региони беше од Истанбул, кој во јануари изнесуваше 2,9 милијарди долари.

Потоа следи извозот од северозападните турски области Коџаели и Бурса со 1,4 милијарди, односно 948,8 милиони долари, додека Измир забележа извоз во Европа од 625,1 милиони долари, Анкара од 419,2 милиони долари и Сакарија реализира извоз од 385,7 милиони долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кожув втор финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија

Следно

Рокас: Уставните измени се факт!

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop