Извештај: Европа беше погодена од рекордни поплави и екстремни горештини во 2024 година

April 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) — Во 2024 година во Европа е забележана најтопла година досега, обележана со смртоносни поплави и долготрајни горештини, што претставува климатски екстрем за континентот во последната деценија, се наведува во заедничкиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО) и Службата за климатски промени „Коперникус“ (C3S).

Европа и натаму е континентот што се затоплува најбрзо во светот, изложен на „сериозни последици од екстремни временски услови и климатските промени“, се укажува во извештајот за европската состојба на климата за 2024 година.

„Секое дополнително зголемување на температурата, без оглед колку е мало, ги зголемува ризиците за нашите животи, за економиите и за планетата. Приспособувањето е неопходност“, истакна генералната секретарка на СМО, Селесте Сауло.

Според извештајот, поплавите во 2024 година биле најголеми од 2013 година, при што речиси една третина од речната мрежа ја надминала границата за „високо“ ниво на поплава.

Најмалку 335 лица ги загубиле животите, а околу 413.000 биле погодени од силни бури и поплави, кои предизвикале материјална штета проценета на 18 милијарди евра, од кои дури 85 отсто се токму поради поплавите.

Во извештајот, исто така, се укажува и на драматично зголемување на топлотниот стрес кај населението. Во Европа е забележала втора највисока бројка на денови со „силен“, „многу силен“ и „екстремен“ топлотен стрес, при што биле погодени речиси 60 отсто од континентот.

Југоисточна Европа, пак, во јули се соочила со најдолг топлотен бран досега, кој траел 13 дена непрекинато и зафатил 55 отсто од регионот.

„Овие екстремни настани доведоа до штети од приближно 18 милијарди евра, а 85 отсто од нив се предизвикани од поплави“, изјави заменик-директорката на ЦЗС, Саманта Бургес, на прес-конференцијата, пренесе Хелт полиси воч.

„Сведочевме на најдолгиот топлотен бран во Југоисточна Европа и рекордно губење на глечерите во Скандинавија и Свалбард. Но 2024 беше и година на изразени климатски контрасти помеѓу Источна и Западна Европа“, рече директорот на C3S, Карло Буонтемпо.

Климатските екстреми, исто така, доведоа до рекордно топење на глечерите во сите европски региони.

„На глечерите во Скандинавија и Свалбард во 2024 година е забележано најголемо губење на маса досега, со просечно намалување од 2,7 метри во дебелина“, се наведува во извештајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дури 90% од граѓаните се согласуваат да дадат мито

Следно

Салах одбил понуда од Саудиска Арабија тешка пола милијарда фунти

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop