Израелските сили приведоа уште 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег

March 4, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелските сили приведоа уште најмалку 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Во заедничкото соопштение на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени од Организацијата за ослободување на Палестина беше наведено дека израелските сили продолжиле со рациите на Западниот Брег и во Ал-Кудс (Ерусалим).

Беше наведено дека израелските сили привеле уште 55 Палестинци, меѓу кои и деца и поранешни затвореници, во рациите извршени вчера во окупираниот Источен Ал-Кудс, како и во градовите на Западниот Брег – Хеброн, Витлеем, Рамала и Калкилија.

Соопштено е дека бројот на Палестинците приведени од Израел на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година се зголеми на 7.400.

Од 7 октомври 2023 година кога Израел, обвинет за геноцид, започна напади врз Појасот Газа, има зголемен број притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ал-Кудс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Идризово ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи

Следно

Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop