Израелските сили приведоа 80 Палестинци во окупираниот Западен Брег

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските сили приведоа 80 Палестинци во различни делови на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Здружението на палестински затвореници соопшти дека израелските сили утрово продолжиле со операциите за приведување што ги започнаа синоќа на Западниот Брег.

Израелските сили приведоа 80 Палестинци, вклучително и членови на Законодавниот совет, двајца новинари и поранешни затвореници, во градовите Рамала, Хеброн, Витлеем, Наблус и Тулкерим на Западниот Брег.

Во соопштението се наведува дека „бројот на Палестинци притворени на Западниот Брег од 7 октомври, кога Израел ги започна своите систематски одмазднички операции против палестинскиот народ, надмина 930“.

Газа се соочува со страшна хуманитарна криза, нема струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Промоција на „Цепај сине“ нова книга од Зоран Спасов-Ѕоф

Следно

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

Latest from Blog