Израелските сили приведоа 5 палестински рибари на отворени води кај Газа

June 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските сили приведоа 5 палестински рибари во близина на брегот на Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Анадолу.

Во веста на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА се нагласува дека силите на израелската морнарица изутрината интервенирале врз рибарите кои ловеле риба на отворени води кај Газа.

Во оваа вест се истакнува дека израелските сили привеле 5 палестински рибари и им ги заплениле чамците, и дека израелската морнарица секој ден како цел ги има рибарите кои ловат на отворени води кај Појасот Газа.

Се вели дека палестинските рибари се во ситуација да не можат да ловат риба во морето кај Газа поради континуираните интервенции на израелските сили.

– Прекршувањата на Израел врз палестинските рибари во Газа

Израел од 2006 година од копно, море и воздух го блокира Појасот Газа, кој е дом на околу 2 милиони Палестинци.

Според палестинското Министерство за земјоделство, риболовот е едно од главните средства за живот во Газа, каде што има околу 4.000 рибари.

Според извештаите за човекови права, Израел честопати приведува рибари во Газа и им ги запленува чамците. Владата на Тел Авив, исто така, периодично го намалува риболовното растојание на рибарите во Појасот Газа.

Според Договорот од Осло, потпишан меѓу Палестинската ослободителна организација и Израел во 1993 година, Палестинците имаат право слободно да се движат до 20 милји од Појасот Газа без да бидат подложени на какво било мешање на Израел, но израелската Влада ги спречува палестинските рибари да го уживаат тоа право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 41 терорист во Тел Рифат и Мунбич

Следно

УНХЦР: Бројот на присилно раселени лица се искачи на рекордни 110 милиони луѓе

Latest from Blog

Херојска ноќ во Битолско: Пожарникарите со часови се бореа да ги заштитат селата

По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи
Go toTop