Израелските сили го бомбардираа јужниот дел на Појасот Газа, има многу мртви и повредени

December 8, 2023
1 min read

ХАН ЈУНИС (АА) – Голем број Палестинци загинаа и се ранети во нападите на израелските сили врз седиштето на палестинската Црвена полумесечина во градот Хан Јунис, на југот на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелски воени авиони ја бомбардирале околината на центарот на Црвената полумесечина и болницата Ал-Амал во Хан Јунис, каде што се засолнети 14.000 Палестинци.

При бомбардирањето уништени се вратите и прозорците на Центарот на Црвената полумесечина. Нападот предизвика голема паника кај илјадниците луѓе кои беа во Центарот.

Се известува дека многу мртви и повредени луѓе се донесени во болницата Ал-Амал по израелското бомбардирање.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на седумдневната хуманитарна пауза во конфликтот со палестинската група Хамас.

Најмалку 17.177 Палестинци загинаа, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз Појасот Газа од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Ердоган – Османи-Садриу: Туркије ја продолжува поддршката на Косово

Следно

ДУИ: Талат Џафери ќе биде технички премиер на Владата

Latest from Blog

Божиновска: Инвестираме во хидроелектраните, тие се столб на енергетската сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од

Меџити најави нов меѓународен фестивал во Чаир: „Инвестицијата во културата е инвестиција во идентитетот“

Идентитетот на еден народ се чува, зајакнува и пренесува преку културата, уметноста и традициите што ги создаваме за идните генерации, порача градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на
Go toTop