Израелскиот премиер Нетанјаху во Тел Авив оствари средба со Блинкен

January 9, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес во Тел Авив имаше билатерални разговори со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Анадолу.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху моментално одржува средба зад затворени врати со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Кирија, Тел Авив“, соопшти неговиот кабинет.

„Подоцна ќе се одржи проширен состанок со членовите на Воениот кабинет“, се додава.

Сѐ уште не се соопштени детали за содржината на разговорите.

Пред средбата, Блинкен одржа разговори со министерот за надворешни работи, Израел Кац.

„Министерот Кац упати благодарност до претседателот Џо Бајден и државниот секретар Блинкен за нивната цврста поддршка за државата Израел од инцидентот на 7 октомври. Оваа поддршка се манифестира во различни форми и средства“, се наведува во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.

Блинкен, во својата четврта мисија во регионот од октомври, која овој пат ја започна од Туркије, се обидува да спречи проширување на конфликтот во регионот поради израелската офанзива на Појасот Газа.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 23.210 Палестинци, а повредени се 59.167, поголем дел деца и жени.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со речиси два милиона раселени жители, а постои и сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.​​​​​​​

Околу 1.200 луѓе се загинати во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: Прв смртен случај од грип

Следно

Ситуацијата со децата во Газа е исклучително тешка

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop