Израелскиот Кабинет за безбедност одобри континуирано присуство на армијата во коридорот Филаделфи

August 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Кабинетот за безбедност на Израел одобри континуирано присуство на армијата во коридорот Филаделфи по должината на границата меѓу Газа и Египет, објави денес израелската јавна радиодифузна корпорација, јавува Анадолу.

Весникот „Хаарец“, исто така, објави дека осум члена на Кабинетот за безбедност гласале ‘за’, министерот за одбрана Јоав Галант гласал ‘против’, а министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир бил воздржан.

Како одговор на тоа, Форумот за заложници и исчезнати семејства го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјавувајќи дека не ја пропушта можност за да гарантира дека нема да има договор.

„Нема ден кога Нетанјаху не дејствува за да го загрози враќањето на сите заложници“, се вели во соопштението на семејствата.

Коридорот Филаделфи, демилитаризирана тампон зона од 14 километри по должината на границата меѓу Појасот Газа и Египет, останува критично прашање во тековните преговори за прекин на огнот и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас.

Со месеци САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор меѓу Израел и Хамас за да се обезбеди размена на затвореници, да се воспостави прекин на огнот и да се дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа.

Сепак, напорите за посредување се запрени поради одбивањето на Нетанјаху да ги исполни барањата на Хамас за запирање на војната.

Израел ја продолжува својата офанзива спроведувајќи брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, во нападите се убиени над 40.600 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 93.800 се повредени.

Тековната блокада на Газа доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од регионот е во урнатини.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој нареди запирање на воените операции во јужниот град Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште пред областа да биде нападната на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Следно

Јувентус се откажа од Санчо

Latest from Blog

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно
Go toTop