Израелски војник убиен во напад од јужен Либан, соопшти ИДФ

December 16, 2023
1 min read

Ќе продолжиме да напаѓаме цели на Хезболах со голема сила како одговор на секоја непријателска активност против Израел, вели портпаролот на армијата, Даниел Хагари

Еден израелски војник е убиен, а двајца други се ранети во напад со беспилотно летало што денеска ги погоди израелските војници во областа Маргалиот во близина на либанската граница, соопшти израелската армија.

„Две беспилотни летала беа лансирани од либанска територија: едното беше пресретнато, додека другото ги погоди војниците на израелските одбранбени сили“,

рече портпаролот на армијата, Даниел Хагари на вечерниот брифинг, пренесува Си-ен-ен.

Информацијата за загинатиот војник Хагари ја сподели и на својот официјален фејсбук-профил.

Хагари рече дека израелски воени авиони извршиле напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.

„Ќе продолжиме да напаѓаме цели на Хезболах со голема сила како одговор на секоја непријателска активност против Израел“,

рече Хагари.

Хезболах, денеска, на социјалните мрежи објави дека го гаѓале израелскиот воен пункт на таа локација со помош на дрон, велејќи дека нападот бил „во поддршка на нашиот непоколеблив палестински народ во Појасот Газа“.

Како што известува Си-Ен-Ен, најмалку шест израелски војници се убиени откако Хезболах започна своите засилени напади од јужен Либан на 8 октомври.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху по убиството на тројцата заложници во Газа: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот не можеме да го вратиме

Следно

Променливо облачно и студено, преку ден сончево – температурите до 8 степени

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop