Израелската војска го зголемува бројот на војници на Западниот Брег

January 28, 2023
1 min read

По синоќешниот терористички напад во Ерусалим, во кој загинаа 7 лица а 10 беа повредени откако 21 годишнит напаѓаш Алкам Каири отвори оган врз луѓе кои излегувале од Синагога, израелската војска денеска соопшти дека го зголемува бројот на војници во окупираниот Западен Брег каде што живеат претежно Палестинци.

“По проценката на израелските одбранбени сили, одлучено е дивизијата во Јудеја и Самарија на Западниот Брег да се засили со дополнителен баталјон”,

се вели во соопштението.

Вчерашниот инцидент дојде откако ден претходно, израелските сили убија девет Палестинци, вклучително и најмалку еден цивил, за време на воен напад во Џенин, градот на Западниот Брег, кој стана жариште на вооружениот палестински отпор. Во четвртокот вечерта, милитантите во Појасот Газа истрелаа најмалку 13 ракети врз Израел, што предизвика нови стравувања од пошироко насилство.

Инцидентот во Ерусалим наиде на остра осуда од американскиот Стејт Департмент, a го осудија и Европската Унија, Франција, Велика Британија и официјална Москва.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возниот парк на ЈСП останува стар, Скопје без приватни превозници, а скопјани со лошата услуга

Следно

Мицкоски: Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Ковачевски- jас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop