Израелската полиција ги спречи активистите да достават хуманитарна помош во Газа

March 7, 2024
1 min read

АШКЕЛОН (АА) – Израелската полиција ја спречи невладината организација „Стендинг Тугедр“, основана од израелски и арапски активисти, да ја достави собраната хуманитарна помош до граничниот премин Керем Абу Салим и да им ја прати на жителите на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Активистите се собраа во близина на израелскиот град Ашкелон, со цел да ја пратат собраната помош во Појасот Газа.

Потоа во колони возеа кон преминот Керем Абу Салим, со истакнати знамиња на кои пишуваше „Не на изгладувањето“.

Тие се запрени на израелски полициски контролен пункт во близина на границата. Израелската полиција не дозволи доставување на помошта и ги врати активистите од границата.

Активистите најавија дека собраната помош ќе ја проследат до организациите што доставуваат хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе се погрижат таа да стигне во блокираната палестинска енклава.

Една од лидерките на организацијата „Стендинг Тугедер“, Рула Дауд, за Анадолу изјави дека презеле таква иницијатива за да покажат дека во израелското општество постојат луѓе што се противат на последиците од војната, напоменувајќи дека децата умираат од глад во хуманитарната катастрофа поради израелските напади врз Појасот Газа.

Наведувајќи дека војната и изгладнувањето на населението во Појасот Газа никому не му оди во користи, Дауд нагласи дека е неопходно трајно политичко помирување, со цел да се спречи убивањето на уште повеќе луѓе во Газа.

„Израелската полиција го блокираше конвојот на километри пред одредиштето за доставување на помошта. Израелската Влада уште еднаш не дозволи поминување на хуманитарната помош“, рече Дауд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ниту закон нема да помогне против високите цени

Следно

По победите на „супервторник“, Трамп го предизвикува Бајден на ТВ-дебата

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop