Израелската армија уби четворица Палестинци на окупираниот Западен Брег

January 2, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија уби четворица Палестинци во близина на градот Калкилија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Палестинската официјална новинска агенција Вафа соопшти дека четворицата Палестинци биле „застрелани за време на конфронтациите“ што избувнале кога израелските сили упаднале во градот Азун.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија се повлекла од градот по неколкучасовниот судир со Палестинците.

Израелската армија, исто така, изврши рација и претреси на неколку домови и продавници во градот, додаваат очевидците.

Неколкумина Палестинци, исто така, беа повредени и приведени од зграда во Азун.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако избија судирите во Газа на 7 октомври меѓу палестинските групи и Израел.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 324 Палестинци се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.400 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Туркије приведени 33 осомничени за шпионажа за израелски Мосад

Следно

Судскиот совет потврди: Разрешената Весна Данева мора да биде вратена

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop