Израелската армија осми ден ги проширува и продолжува со нападите врз северниот дел на Западниот Брег

January 28, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА)

Израелската армија веќе осми ден ги проширува и продолжува со нападите врз северниот дел на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.

Според информациите добиени од очевидци, израелската армија извршила рација во градот Тулкерим и во бегалските кампови во Тулкерим и Нур Шамс.

Фајсал Селаме, претседател на Народниот комитет на бегалскиот камп Тулкерим, за АА изјави:

„Десетици семејства беа насилно отстранети од нивните домови, а одземените домови се претворени во воени касарни.“

– Палестинците се користат како „жив штит“

Селаме изјави дека израелските војници ги користат Палестинците како жив штит.

Тој истакна дека израелската армија почнала да ја урива инфраструктурата на кампот.

Израелската армија, која од 21 јануари спроведува жестоки напади врз градот Џенин на Западниот брег и врз бегалскиот камп Џенин, вчера нападите ги насочи кон Тулкерим.

Во соопштението на армијата се наведува дека голем број израелски војници учествувале во нападите врз градот Тулкерим и кампот.

Двајца Палестинци се убиени, а тројца се повредени во напад на израелско беспилотно летало врз возило во Тулкерим.

– Продолжуваат нападите во Џенин

Израелската армија продолжува со нападите врз градот Џенин, на северниот дел на Западниот Брег, кои започнаа на 21 јануари.

Во нападите, во кои цел беа и имотите на Палестинците, досега животот го загубија 16 Палестинци, меѓу кои едно дете, а 50 лица се повредени.

По израелските напади врз Џенин на окупираниот Западен Брег палестинското Претседателство ја повика американската администрација да го запре „започнувањето на втора фаза од војната“ со нападите насочени кон градот Тулкерим.

Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, палестинското Претседателство објави писмено соопштение во кое се вели:

„Ја повикуваме новата американска администрација да ги запре израелските интервенции со кои продолжува состојбата на нестабилност и вознемиреност во регионот и се влошуваат безбедноста и постигнувањето одржлив мир што ќе ги спречи идните конфликти.“

По стапувањето на сила на прекинот на огнот во Газа на 19 јануари, израелската армија на 21 јануари го започна нападот што го нарече „Железен ѕид“ врз градот Џенин во северниот дел на окупираниот Западен Брег.

Во нападите врз градот Џенин и бегалскиот камп израелската армија ги оштетува транспортната, водоводната, електричната и комуникациската инфраструктура, а ги уништува и домовите во подрачјето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доктор Чибишев: Аферата Онкологија му нанесе смртоносен удар на здравството, последиците сè уште се чувствуваат

Следно

Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop