Израелска војска: Болницата во Газа беше цел на Исламски џихад, имаме докази

October 18, 2023
1 min read

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот свет, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили употребија солзавец кон демонстрантите

Стотици загинати во израелски напад врз болница во Газа, соопштија палестинските власти, Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Војската на Израел објави дека „по блиска проверка на системите за надзор“, утврдиле дека не бил израелски оган, туку ракети на Исламски џихад кои ја погодиле болницата во Газа во вторникот вечерта, при што, според палестинските тврдења, загинале стотици луѓе.

„Сега имаме доволно информации, требаше време, но мораме да ја кажеме вистината, болницата не беше погодена од израелски удари. Во следните часови ќе обезбедиме докази за нашите тврдења“,

изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија на синоќешниот брифинг со новинарите.

Тој додаде дека во моментот на пукањето, не вршеле никакви воздушни операции во близина на болницата и дека ракетите што ја погодиле зградата не се совпаѓале со нивните. Хагари посочи и дека војската ќе објави „разговори на арапски што покажуваат дека виновникот за нападот е исламски Џихад“.

Исламски џихад: Ова е лага и измислица

Дауд Шехаб, портпарол на Исламскиот џихад, изјавил за Ројтерс:

„Ова е лага и измислица, тоа е целосно лажно. Тие се обидуваат да го прикријат страшното злосторство и масакр што го извршија врз цивилите“.

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот свет, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили употребија солзавец кон демонстрантите.

„Стотици жртви се уште се во урнатините на болницата Ахли Арап во центарот на Газа, каде што загинаа од 200 до 300 луѓе“,

соопшти Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас, кое го обвини Израел за пукањето.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој управува со палестинската територија на Западниот Брег, ја нарече експлозијата во болницата Ал Ахли „ужасен воен масакр“.

„Израел ги премина сите црвени линии“,

рече тој.

Експлозијата во болницата е најкрвавиот поединечен инцидент во Газа откако Израел започна серија бомбардирања како одмазда за нападот на Хамас врз јужните израелски заедници на 7 октомври, во кој загинаа 1 300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали власта ќе се охрабри на осми мај да се оди на двојни избори?

Следно

Израелската Армија соопшти дека бројот на загинати меѓу воениот персонал пораснал на 304

Latest from Blog

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во

Дешамп: Свесни сме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Гигантите на светскиот фудбал, Шпанија и Франција, вечерва ќе се борат во Далас за место во финалето на Светското првенство. Судирот ќе биде помеѓу актуелните европски

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска
Go toTop