Израел со закон ја ограничува моќта на судовите, на улиците масовни протести

July 24, 2023
1 min read

Целта на владејачкото мнозинство е да ја отстрани можноста која досега ја имаше Врховниот суд – да укине владини одлуки кои ги смета за неразумни

Опозицијата пак обвинува дека станува збор за преземање на државата од страна на „екстремистичко малцинство“

Таканеречениот закон за „разумност“ денеска го помина првиот филтер во Кнесетот (Израелскиот парламент) со 64 гласа „за“ и 0 „против“ бидејќи опозицијата го бојктораше гласањето. Намерата на тамошната власт е јасна – сака да го „реформира“ судството, но пред се да ја укине моќта која тамошното судство ја има кон извршната власт. Клучно, идејата е да се отстрани можноста која повеќе децении ја има тамошниот Врховен суд – да укинува или стопира владини одлуки кои смета дека се „неразумни“.

Според власта, реформата е неопходна поради дисбалансот на моќ, особено во последно време, кога судовите се почесто интервенирале во политичките одлуки. Опозоцискиот лидер Јаир Лапид, пак, ја нарекува иницијативата „преземање на израелското мнозинство од страна на екстремистичко малцинство“.

Најголеми протести во историјата на Израел

Идеен творец на „реформата“, со што извршната власт ќе добие повеќе моќ, е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој по шести пат стана премиер на Израел во декември 2022 година, отако успеа да ја состави најдесничарската влада во историјата на земјата.

Набргу по изборот, тој се зафати со мисијата да ја намали моќта на судовите над извршната власт. На тоа му се спротистави еден од новоизбраните министри. Министерот за одбрана, Јоав Галант оцени дека реформата е опасност за земјата. Нетанјаху го разреши министерот и остана на ставот дека промените во секторот ќе ја унапредат демократијата. Уште тогаш, на улиците излегоа десетици илјади.

Деновиве Нетанјаху е во болница, каде треба да му се изведе хируршка интервенција на срцето. Тоа не ја запре реформата, ниту пак одговорот на јавноста.

Протестите на улиците продолжуваат. Демонстрантите против реформите го блокираат булеварот пред Кнесетот, додека безбедносните сили но и провладини демонстранти се обидуваат да ги спречат во намерата. Полицијата употребува водни топови и други средства за да ја растера толпата.

Безбедносните сили и провладини симпатизери ги блокираат демонстрантите против реформите во судството да стигнат до Кнесетот, фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI
Безбедносните сили и провладини симпатизери ги блокираат демонстрантите против реформите во судството да стигнат до Кнесетот, фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Менувањето на членот за „разумност“ е само дел од судската реформа која ја планира Нетанјаху, а која сериозно ќе ја ограничи моќта на судовите во Израел и по други основи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ ја прифати рекордната понуда на Ал Хилал, на ред е Мбапе

Следно

(ФОТО) Фирмата од „аудито“ на Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop