„Израел се обидува да ги легитимизира масакрите споредувајќи го Хамас со ДЕАШ“

October 26, 2023
2 mins read

ГАЗА (АА) – МУХАМЕД МАЏИД –

Талал Ебу Зарифе, лидер на политичкото биро на Народно-демократскиот ослободителен фронт на Палестина, левичарска организација што дејствува во Палестина, изјави дека намерата на Израел да го означи Хамас како „терористичката организација ДЕАШ“ е „легитимизирање на геноцидот што го врши со пролевање на крвта на народот“ во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во изјавата за Анадолу, Ебу Зарифе нагласи дека Хамас не е проекстремизмот. „Хамас, кој управува со Појасот Газа, се судри со екстремистичките групи во последниве години и ги спречи да постојат во Газа“, рече тој.

Ебу Зарифе истакна дека Израел ги крши меѓународните закони: „Секој дискурс во врска со споредбата на палестинскиот отпор со ДЕАШ и неговата демонизација не е точен. Тоа што го прави Хамас е дел од напорите на палестинскиот народ кој ѝ се противи на израелската окупација, која конфискува земјиште, уништува куќи и сквернави свети места.“

– „Етикетирањето ‘ДЕАШ’ не треба да се користи за легитимизирање на геноцидот на Израел“ –

Во врска со обидите да се спореди Хамас со ДЕАШ, Ебу Зарифе рече: „Израел се обидува да ги легитимизира масакрите споредувајќи го Хамас со ДЕАШ. Етикетирањето ‘ДЕАШ’ не треба да се користи за легитимизирање на крвопролевањето на Палестинците во Газа и геноцидот на Израел.“

Зборувајќи за односот на Хамас со другите палестински групи на отпорот во Газа, тој рече: „Ние управуваме со сите вооружени дејства во национална рамка преку Заедничката оперативна комора на палестинските групи на отпорот, која ги одредува нашата форма и средства за да ѝ се спротивставиме на инвазијата.“

„Ниту еден палестински ентитет не смее да преземе чекори што се во спротивност со националниот консензус или им наштетуваат на интересите на палестинската кауза“, рече Ебу Зарифе за функционирањето на отпорот.

– „Целта не е Хамас, туку палестинскиот народ“ –

„Досега дадовме многу шехиди (маченици), многу луѓе беа повредени. Има семејства што се избришани од регистарот. Израелскиот окупатор не прави разлика меѓу Хамас, Фатах или Исламски џихад со својата агресија и масакри, целта не е Хамас, туку палестинскиот народ“, рече Ебу Зарифе.

Обрнувајќи внимание на тоа што се случува во Газа, тој додаде: „Тоа што се прави во Газа е геноцид и масовен колеж во спротивност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.“

– „САД немаат право да му обезбедуваат политичка и правна заштита на Израел“ –

Во врска со американската поддршка за Израел, Ебу Зарифе рече: „САД немаат право да му обезбедуваат политичка и правна заштита на Израел за да продолжи со нападите врз Газа.“

Тој повика и на итен прекин на нападите и масакрите врз палестинскиот народ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант дадоа изјава во која Хамас го споредуваат со терористичката организација ДЕАШ.

– Народно-демократскиот ослободителен фронт на Палестина ѝ се приклучи на операцијата „Поплава Ал Акса“ –

Народно-демократскиот ослободителен фронт на Палестина, кој има марксистички ставови, беше основан од Најиф Хаватиме во 1969 година по отцепувањето од Народниот фронт за ослободување на Палестина под водство на Георг Хабаш.

Фронтот играше важна улога во политиката во 1970-тите и 1980-тите години во Палестина, исто така, организираше и различни воени операции.

Влијанието на Фронтот се намали во 1990-тите години по распадот на Советскиот Сојуз.

Силите на Бригадите на националниот отпор, „Маченик Омар Ал-Касим“, воено крило на Фронтот, исто така, се приклучија во операцијата „Поплава Ал Акса“ под водство на бригадата Ал Касам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Газа: Осумнаесет Палестинци загинаа во израелските напади врз Хан Јунис во текот на ноќта

Следно

„Верувам дека има проевропски политичари и надвор од владеачката коалиција“, рече Ковачевски

Latest from Blog

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Санкциите наметнати врз Русија предизвикаа директни загуби за американските бизниси од над 100 милијарди долари во 2025 година, изјави Роберт Ејџи, претседател на Американската стопанска комора во Русија (AmCham), во интервју за

Обезбедени дополнителни 2 милиони денари за два нови центри за жртви на семејно насилство

14 јули 2026, Скопје – Повеќе средства се обезбедуваат за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Преку прифаќање на амандман во

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат
Go toTop