Израел повторно напаѓа цели на Хезболах во Бејрут

October 20, 2024
1 min read

Израелската воени авиони утрово го нападнаа седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан и подземна работилница за оружје во Бејрут.

Сè уште не е потврдено дали седиштето е оштетено или уништено.

Израелската армија (ИДФ) соопшти и дека при воздушниот напад врз подрачјето Тебине убиен е висок командант на јужниот фронт на Хезболах, Ал-Хај Абас Салма. Според ИДФ, Салма ги надгледувал борбите во подрачјето Бинт Јбеила и извршил голем број напади врз Израел.

Елиминирани се терористите, експертот за комуникации на Хезболах, Рада Абас Авада и шефот на единицата за производство на оружје Ахмад Али Хусеин, се наведува во соопштението на ИДФ.

Хезболах сè уште не ги коментирал наводите на ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека во изминатите 24 часа убила повеќе од 65 борци на Хезболах во јужен Либан. Израелската војска тврди дека мета на нападите биле околу 175 локации во Либан и во Појасот Газа, вклучително и лансерите на ракети и воените објекти на Хезболах.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

Следно

„ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури“, велат од АХВ

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop