Израел изведе воздушни напади врз главниот град на Сирија

June 14, 2023
1 min read

АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Израел рано утрово изведе воздушни напади на Дамаск, главниот град на Сирија, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на воени извори, сириската државна новинска агенција САНА објави дека некои воени точки во југозападен Дамаск биле бомбардирани во 1:05 часот по локално време.

Изворот за САНА изјавил дека израелските авиони ги извеле нападите од правец на Голанската Висорамнина.

Засега израелските власти не се огласија во врска со нападот.

Елементи на либанската група Хезболах, како и сириската војска и терористичките групи поддржани од Иран, присутни се во Дамаск и неговите рурални подрачја.

Од почетокот на сириската војна во 2011 година досега, Израел одвреме-навреме изведува напади врз групи поддржани од Иран и воени пунктови на сириската војска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку тројца убиени и 13 ранети во руски ракетен напад на Одеса 

Следно

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Лукавац: Поранешен ученик застрелал наставник

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop