Изработен проект за идниот модерен простор на Центарот за култура во Крива Паланка

August 24, 2023
2 mins read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојуваше во работна посета на Општина Крива Паланка каде што  оствари средба со градоначалникот Сашко Митовски, а присуствуваше и на прес-конференцијата на која беше презентиран проектот за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција и адаптација на Центарот за култура.

Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата потенцираше дека вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, во Крива Паланка се должи на активното и успешно работење на Националната установа Центар за култура и  Локалната установа Градски музеј.

Според министерката за култура, успешноста на установите во остварувањето на утврдените цели се должи и на соработката меѓу  државната и локалната власт, а тоа се потврдува и со денешната презентација на проектот со кој Центарот за култура треба да прерасне во модерен и динамичен простор во кој ќе се реализираат настани што ќе ја збогатат културната понуда на регионот.

Препознавајќи го значењето на проектот, Општина Крива Паланка доби финансиска поддршка 800 000 денари преку Програмата за користење средства за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата. Ова е одличен пример дека со добар план и стратегија, локалната и централната власт може и треба да соработуваат за да ги остваруваат потребите и интересите на граѓаните“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека проектот вклучува широк спектар активности, како: реконструкција на постојната концертна сала, реконструкција и адаптација на влезниот хол на салата, реконструкција и офоморување на нова мултифункционална сала за мали камерни концерти, промоции, семинари, реконструкција, адаптација и опремување на библиотеката, инсталација на системи за греење и за ладење, нова аудио- и видеоопрема, инсталација на системи за сценски и светлосни ефекти и друго.

Според Костадиновска-Стојчевска, идните проектанти ќе имаат обемна, содржајна и сеопфатна работа со цел подобрување на состојбите во оваа национална установа како во делот на условите за изведувачките активности така и во делот на пообрување на условите за творење и создавање  дела од локалните творци.

Во целост, проектот претставува сериозен стимул за унапредување на состојбите во културата во овој регион. Затоа, чувствувам особено задоволство што преку овие капитални дотации поддржуваме локални проекти и иницијативи кои им даваат можност на граѓаните да се вклучат и да уживаат во културните активности“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека Министерството за култура во Годишната програма за 2023 г. поддржа голем број проекти на НУ Центар за култура Крива Паланка, на Градскиот музеј, како и за: работа на фолклорните анамбли во градот, Ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“, детскиот фестивал „Распеано симитче“ и Музичкиот фестивал „Џој-фест“.

На крајот, министерката за култура упати голема благодарност до градоначалникот Сашко Митовски и до сите вклучени, за посветената работа во областа на културата и за заложбите за културен развој на Општина Крива Паланка.

Костадиновска-Стојчевска ги посети и Градскиот музеј и кривопаланечката тврдина – Кале каде што директорот на музејот Драган Величковски ја запозна со плановите и можностите за негова стручна валоризација.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Предимплантациско Генетско Тестирање (PGT) на ембриони

Следно

Насоки за секс за вселенски туристи

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop