Изложбата „ФеминаV.S.Фемининологија“- соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб

June 14, 2023
2 mins read

ДЛУМ информира за отворање на изложба „ФеминаV.S.Фемининологија„ соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб.

Изложбата ќе ја отворат:

Проф.д-р Дита Старова Керими, директорка на Национална галерија,

Проф.д-р Јана Манева-Чупоска, претседателка на ДЛУМ и кураторка на проектот

-историчар на уметност -кураторка г-ѓа Санда Станаќев Бајзек од Хрватска

Петто издание на проектот ФЕМИНАV.S.ФЕМИНИНОЛОГИЈА проект во соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб.

10 македонски авторки и 10 хрватски авторки работеа во пар.

Кураторки: Санда Станаќев Бајзек и Јана Манева-Чупоска.

Извадок од текстот од каталогот на кураторката од Хрватска Санда Станаќев Бајзек:

„Тие ја менуваат перцепцијата создавајќи „здрава“ и моќна основа за тематизирање и прикажување на повеќекратниот идентитет на жената, бројните архетипи и стереотипи на кои е изложената жената, како глобални теми. Преку нивната сложена морфологија и интердисциплинарен пристап кон сликарството, тие можат јасно да се прочитаат од нивните уметнички дела. Тие го тематизираат сопствениот идентитет поминувајќи низ „заедничките места“ на нашите цивилизациски сопнувања – сексуалноста, личните слободи, моралот, наметнатите улоги. Тие ја откриваат и ослободуваат жената, покажувајќи ја во многубројноста на нејзините улоги. Нивните уметнички приказни го надминуваат нивното матично време, станувајќи општи и универзални, исконски и современи, докажувајќи дека големите теми не се ниту „женски“ ниту „машки“, туку само човечки.“

Извадок од текстот од каталогот на кураторката Проф.д-р Јана Манева-Чупоска:

„Како една од многуте тенденции во ликовната уметност оваа тема – „Пар“ ќе вбројува ликовни уметници кои со својот различен или сличен ликовен израз ќе навлезат во ова ликовно толкување што ќе ги испровоцира да го пронајдат својот „пар“ како „спротивна“ или „еднаква“ ликовна компонента. Концептот на изработка на делата е конципиран во организиран тим односно пар од две уметнички кои ќе креираат и изработат едно или неколку дела кои треба да се компатибилни, слични, различни, спротиставени или нееднакви во својата ликовна концепција. Испреплетувањето на диференцијални ликовни сигнализации ќе придонесе за креирање на овој концепт до фаза на еднаква или нееднаква кохезија. Еден „пар“ може да ги преслуша, креира, раздвои или обедини еднаквостите или различностите во самиот процес на создавање на ликовното дело.“

 

УЧЕСНИЧКИ ОД МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА

МК- Ана Трајковска- Алана Кајфеж -ХР

МК- Вана Урошевиќ- Габријела Шимиќ -ХР

МК- Христина Зафировска -Луциа Лабас- ХР

МК -Јана Луловска- Никол Хјуит -ХР

МК- Тања Таневска -Тара Беата Рац- ХР

МК -Наташа Милованчев- Дијана Назор Чорда- ХР

МК- Марина Цветановска-Мартиновска Ивана Ожетски -ХР

МК -Марина Коцарева-Ранисављев- Ивана Бакал -ХР

МК -Маја Рауник Кирков- Ирена Гајатри Хорват -ХР

МК- Јана Манева-Чупоска- Паулина Јазвиќ –ХР

На 16ти јуни со почеток во 12.00 часот во кинотеката на Македонија ќе се одржи видео проекција на видеата на Јана Манева-Чупоска, Јана Луловска и Никол Хјуит.

 

 

Мултимедијален центар Мала Станица, Национална галерија,Скопје

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА НА 15.06. – 28.06.2023

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кабинетот на Борел изготвил пакет мерки против владата на Косово и премиерот Курти

Следно

(ВИДЕО) Радост во Лабуништа по затворањето на уште два каменолома

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop