ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД ОД МАКЕДОНСКИТЕ И ТУРСКИТЕ АРХИВИ ВО КАТИГАНЕ, ЌЕ ДОЈДЕ И ВО СКОПЈЕ

July 13, 2024
2 mins read

Фотографии и документи од Државните архиви на Македонија и Турција се изложени во Одделот за османлиски архив во Кагитане, Турција, а до крајот на годинава изложбата би требало да дојде и во Скопје. Директорот на Државниот архив на Македонија, Христа Најданов ни рече дека изложбата „Документи и фотографии за Македонија во Османлискиот период”  опфаќа 80 фотографии и 28 документи за историјата на Македонија и вклучува фермани и берати од султаните, вакафи, историски мост, училишни фотографии и фотографии од секојдневниот живот.

Фотографиите и документите се од Скопје, Битола, Велес,  Демир Капија, Кратово, Тетово, Ресен, кои се од двата Архива.

„Станува збор за документација од секојдневниот живот во Македонија во тоа време“, вели Најданов.

На отворањето на изложбата, директорот на Државниот архив Угур Унал рече дека архивските документи, кои се од суштинско значење за правилно разбирање на историјата, се национални и меѓународни сеќавања и се меѓу вредните културни и историски богатства на државите.

Директорот на Државниот архив на Турција Угур Унал и директорот на македонскиот Архив, Христа Најданов. (Фото: Државен архив)

„Овие документи се исто така многу важни во смисла на воспоставување мостови на пријателство во односите меѓу двете земји. Државниот архив на Турција и Државниот архив на Северна Македонија се добар пример за позитивното влијание на соработката во областа на архивирањето во меѓудржавните односи”, рече Угал.

Тој кажа дека Државниот архив на Турција има зачувано повеќе од 130 милиони архивски документи, од кои 95 милиони припаѓаат на османлискиот период и 40 милиони на периодот на Турција.

„Бидејќи Османлиската Империја постои на македонската територија од 15. век, нашиот архив содржи многу ресурси поврзани со регионот“, кажа тој, додавајќи дека архивските документи се една од најдобрите алатки за зачувување на меморијата на народите и за нејзино пренесување на идните генерации и дека како архивски институции работат на тоа овие документи да бидат откриени, достапни и употребливи.

„Благодарејќи на документите и фотографиите во оваа заедничка изложба што ја подготвивме, можат да се видат настаните низ историски процес како што е наредбата на Абдулхамид Втори објавена за компензација на загубите и штетите на муслиманскиот и на немуслиманскиот народ за време на пожар во манастир. Исто така наредбата на султанот Абдулазиз за изградба на христијанско училиште во Скопје за христијанските деца поради несоодветност на постојното, стои пред нас како добар пример што се совпаѓа со концептот на Пакс Отомана, со тоа што тие покажуваат дека Османлиската Империја тргнала по инклузивен, толерантен пат на дипломатијата и ги почитувала верските и културните разлики на својот народ. Благодарејќи на фотографиите од архивите на земјата, имаме можност да бидеме сведоци на општествените, културните настани и секојдневниот живот од тој период – понекогаш со фотографија на брачна двојка од османлиска Македонија во нивната традиционална облека, а понекогаш со фотографија на мало дете на церемонијата на обрежување – сунет“, рече Унал.

Најданов на отворањето рече дека книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија– Пописи од 19. век 1832/33 Скопски Санџак, Скопска Каза за ромското христијанско-исламско и за еврејско население како и христијанското занаетчиско население” том 2, книга 2 подготвена од Аднан Шериф, објавена на македонски и на албански јазик, ќе ја подарат во Државниот архив на Турција во Османлискиот оддел.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Солзи во прегратка со сопругата – еве како реагираше Алек Болдвин кога дозна дека нема да одговара за убиство

Следно

МЗТ Скопје Аеродром се засили на центарската позиција

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за
Go toTop