Изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на Искра Пенева на 13. Денови на македонската култура во Белград

June 7, 2023
1 min read

Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград беше отворена изложбата на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на брегот на Охридското Езеро – Свети Наум, Пештани, Трпејца, Заливот на Коските, Охрид, Вевчани и Радожда, јави дописникот на МИА од Белград.

Изложените фотографии – меѓу кои „Спирален сон“, „Смирување на денот“, „Патување“, „На покривот на светот“, „Галичица“, „Патот на црниот сон“, „Билјана“, „Немир“, „Бакнеж“, „Пристаниште“, „Дома“, „Ќе те следам“…, го запознаваат гледачот со универзална приказна што може да се однесува на сите луѓе.

Ако фотографијата е поезија што се гледа, а неможе да се чуе, тогаш поезијата е слика што може да се чуе, но не и да се види, порача авторката на отварањетто на изложбата.

-Изложбата има две димензии. Првата се однесува на фотографии-разгледници на убавините на Македонија и Охридското езеро. Вторта димензиија  е потрага по љубовта, по нејзините нераскинливи нишки, по мирното пристаниште… Го следам патувањето на еден млад човек кој на фотографиите е претставен со чамец. Тој патува низ светот, а светот е езеро. Различни пејсажи и градови низ светот се овековечени на фотографии, изјави Искра Пенева.

За Пенева езерото е предмет на инспирација, чиста енергија и, како што нагласи, ја обновува сопствената енергија на брегот на Охридското Езеро.

-Површината на езерото ја симболизира емоционалната состојба и промените низ кои поминува човекот – некогаш е мирно, па ние сме спокојни и присебни, а некогаш е турбулентно, па се сомневаме, порача Пенева.

Искра Пенева е родена 1980 година во Белград, дипломирала на Математичкиот факултет во Белград, и живее и работи во главниот град на Србија. Членка е на Друштвото на писателите на Србија и на Друштвото на новинари на Србија. Се занимава со поезија и фотографија, активно преведува од македонски на српски јазик, а освен тоа, создава и кратки музичко-поетски филмови.

Имала повеќе групни и самостојни изложби во Македонија, Србија и Хрватска.

Изложбата ја организираше Здружението „Македониум“ во соработка со Педагошкиот музеј, а беше поддржана од Градскиот секретаријат за култура на Белград.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси го одбра идниот клуб: Се сели во Интер Мајами, пресудила желбата на сопругата!?

Следно

Јак старт на Такер Карлсон

Latest from Blog

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и
Go toTop