Изборно собрание на ДПМ, остана само еден кандидат за претседател

January 27, 2024
1 min read

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска треба да се одржи вонредното изборно Собрание кое на 25 ноември минатата година не се одржа поради немање кворум за работа. За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ.

Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати.

Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството.

Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста.

За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски. Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото.

И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ.

Писателот и поет Мирче Нешовски во својата кандидатура наведе дека македонските писатели денес, како никогаш досега, се поттурнати на најниското скалило, а се крши и нивниот македонски дух и им се одзема силата на креативниот потенцијал.

-Кај нас, авторите станале издавачи и успешни бизнисмени, а и прилепени се автори приврзани до нив, кои се фаворизирани и актуализирани во јавноста. И понатаму такви ли ќе ни ја водат писателската асоцијација!? Оние што, преку материјалистичка профаност, се заборавија, го заборавија творецот – автор. Тие се заборавија во вреднувањето на делото на творецот! Заборавија и на реалното и достојното вреднување и хонорирање на делото. Во сегментот на хонорирањето, авторите се крајно обесправени. Останати се назад пред сите земји во окружувањето, да не речеме за земјите од ЕУ“, наведе во својата кандидатура Нешовски.

Тој смета дека уривањето на Друштвото значи уривање на македонската национална посебност и во таа насока е неопходно посилно единство на македонските писатели.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Следно

Македонските ракометари денес ќе го добијат противникот во баражот за СП

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop